Изреки 10:20-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Праведниковиот јазик е одбрано сребро, а срцето на нечесниот е безвредно.

21. Усните на праведниот се храна на мнозина, а глупавите умираат од недостаток на разум.

22. Господовиот благослов збогатува и не придодава никаква мака.

23. За безумниот е радост да направи срамно дело, а за разумниот да биде мудар.

24. Од што се плаши нечесниот, тоа ќе го најде, а желбата на праведниот се исполнува.

25. Како виорот што поминува, така го снемува нечесниот, а праведникот има вечна основа.

26. Какви се киселината за забите и димот за очите, таков е мрзливецот за оние што го праќаат.

27. Стравот од Господа ги умножува деновите, а на нечесните им се скратуваат годините.

Изреки 10