Изреки 1:23-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Послушајте ја мојата опомена! Ете, го излевам својот дух пред вас, сакам да ве поучам со свои зборови.

24. Колку ве повикував, а вие одбивавте; ја испружував раката, но никој не ја забележа;

25. туку го отфрливте секој мој совет и не ги послушавте моите опомени.

26. Затоа и јас ќе се смеам на вашата пропаст, ќе се потсмевам кога ќе ве снајде тешкотија;

27. кога стравот ќе навали врз вас како невреме и кога пропаста ќе ве грабне како виор, кога ќе се навалат врз вас неволјата и маката.

28. Тогаш ќе ме викате, но јас нема да одговарам; ќе ме барате, но нема да ме најдете.

Изреки 1