24. Градот биеше, низ него секавици параа. Таква стравотија не се нафрли врз Египетската Земја, откако имаше луѓе во неа.
25. Градот изби, низ сиот Египет, сè што остана надвор, луѓе и животни; ги уништи сите растенија по полето и ги искрши сите полски дрва.
26. Немаше град само во Гесенскиот Крај, каде што живееја Израелците.
27. Фараонот испрати по Мојсеја и Арона и им рече: „Признавам дека сум виновен овој пат. Господ има право, а јас и мојот народ сме виновни.
28. Молете Го Господа да ги запре громовите и градот, а јас ќе ве пуштам да отидете. Не ќе останете веќе долго.”
29. „Кога ќе излезам од градот - му рече Мојсеј - ќе ја кренам раката кон Господа, па ќе прекратат громовите, а ни град не ќе има веќе, така да знаеш дека земјата Му припаѓа на Господа.
30. Но ни ти ни твоите дворјани, јас знам, уште не се боите од Господа Бога.”
31. И така пропаднаа ленот и јачменот: зашто јачменот беше во клас, а ленот во цвет.
32. Пченицата и ’ржта не настрадаа, зашто беа подоцнежни жита.
33. Откако си отиде од кај фараонот, Мојсеј излезе од градот и ги крена рацете кон Господа. Грмежите и градот прекратија, а ни дождот веќе не паѓаше на земјата.
34. Кога фараонот виде дека прекратија грмежите, градот и дождот, пак падна во грев: и тој и неговите службеници пак се закоравија во срцето.