Излез (2 Moj.) 9:20-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Фараоновите службеници, кои се уплашија од Господовиот говор, ги дотераа внатре своите слуги и својот добиток.

21. Тие што не се грижеа за Господовата закана ги оставија надвор и своите слуги и добитокот.

22. Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Испружи ја раката кон небото да удри град по целата Египетска Земја: врз луѓето, животните и врз сите растенија во Египетската Земја.”

23. Мојсеј го крена стапот кон небото. Господ загрми и пушти град, и молњите ги здружи со земјата. Господ туруваше град по земјата на Египетците;

Излез (2 Moj.) 9