Излез (2 Moj.) 8:10-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. „Утре,” рече. „Нека биде како што велиш - одговори Мојсеј - да знаеш дека никој не е како Господ, нашиот Бог.

11. Жабите ќе си отидат од тебе, од твоите службеници и од твојот народ; ќе останат само во Реката.”

12. Мојсеј и Арон отидоа од фараонот, а тогаш Мојсеј Го повика Господа заради жабите со кои го казни фараонот.

13. И Господ го послуша Мојсеја, па жабите пцовисаа по куќите, дворовите и нивите.

14. Ги собираа на купови, земјата засмрде од нив.

15. Кога фараонот виде дека настапи олеснување, срцето му закораве па не ги послуша Мојсеја и Арона, како што Господ и рече.

16. Тогаш пак Господ му рече на Мојсеја: „Речи му на Арона да замавне со својот стап и да удри по правот на почвата, за да се претвори во комарци по целата Египетска Земја.”

17. И направија така: Арон замавна со раката и стапот, и удри по правот на почвата. Комарците се нафрлија врз луѓето и животните. Целиот прав на почвата се претвори во комарци по сета Египетска Земја.

18. Вражалците се обидоа да создадат комарци со своето вражање, но не можеа. Луѓето и животните им станаа плен на комарците.

19. Тогаш бајачите му рекоа на фараонот: „Тоа е Божји прст!” Ама фараоновото срце беше закоравено, па не ги послуша Мојсеја и Арона, како што Господ рече.

Излез (2 Moj.) 8