25. Ароновиот син Елеазар се ожени со една од Футиловите ќерки, која му го роди Финеса. Тоа се главатарите на Левиевите домови според нивните семејства.
26. Тоа се оној Мојсеј и Арон, на кои Господ им заповеда да ги изведат Израелците од Египет во нивните чети.
27. Тоа се оние истите, Мојсеј и Арон, кои му зборуваа на фараонот, на египетскиот цар, да ги пушти Израелците од Египет.
28. Во денот кога Господ зборуваше со Мојсеја во Египетската Земја, му рече:
29. „Јас Сум Господ. Извести го фараонот, египетскиот цар, за сè што ти реков.”
30. Мојсеј се правдаше пред Господа: „Јас сум бавен во говорот. Како ќе ме послуша фараонот!”