Излез (2 Moj.) 6:13-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Ама Господ им говореше на Мојсеја и Арона и ги праќаше сега при Израелците, а сега при фараонот, египетскиот цар, да ги пушти Израелците од Египет.

14. Ова се главите на нивните домови. Синови на Израелевиот првороденец Рувим: Енох и Фалуј, Асрон и Хармиј. Тоа се семејствата произлезени од Рувима.

15. А Симеоновите синови: Јемуило, Јамин, Аод, Ахин, Сар и Саул, син на Хананка. Тоа се семејствата што потекнуваат од Симеона.

16. Ова се имињата на Левиевите синови со нивното потомство: Гирсон, Каат и Мерариј. Леви живееше сто триесет и седум години.

17. Гирсонови синови се: Ливниј и Семеј со своите семејства.

18. Каатови синови се: Амрам, Исар, Хеврон и Озило. Каат живееше сто триесет и три години.

19. Мерариеви синови се: Малиј и Мусиј. Тоа се Левиевите семејства со нивните потомци.

20. Амрам се ожени со својата тетка Јохаведа, која му ги роди Арона и Мојсеја. Амрам живееше сто триесет и седум години.

21. Исарови синови беа: Кореј, Нафег и Зехриј.

22. А Озилови синови се: Мисаило, Елисафан и Сигриј.

23. Арон се ожени со Елисавета, ќерката Аминадавова, сестрата Насонова, која му ги роди: Надав, Авијуд, Елеазар и Итамара.

24. Корееви синови беа: Асир, Елкан и Авијасаф. Тоа се Кореевите потомци.

25. Ароновиот син Елеазар се ожени со една од Футиловите ќерки, која му го роди Финеса. Тоа се главатарите на Левиевите домови според нивните семејства.

Излез (2 Moj.) 6