Излез (2 Moj.) 6:13-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Ама Господ им говореше на Мојсеја и Арона и ги праќаше сега при Израелците, а сега при фараонот, египетскиот цар, да ги пушти Израелците од Египет.

14. Ова се главите на нивните домови. Синови на Израелевиот првороденец Рувим: Енох и Фалуј, Асрон и Хармиј. Тоа се семејствата произлезени од Рувима.

15. А Симеоновите синови: Јемуило, Јамин, Аод, Ахин, Сар и Саул, син на Хананка. Тоа се семејствата што потекнуваат од Симеона.

16. Ова се имињата на Левиевите синови со нивното потомство: Гирсон, Каат и Мерариј. Леви живееше сто триесет и седум години.

17. Гирсонови синови се: Ливниј и Семеј со своите семејства.

18. Каатови синови се: Амрам, Исар, Хеврон и Озило. Каат живееше сто триесет и три години.

19. Мерариеви синови се: Малиј и Мусиј. Тоа се Левиевите семејства со нивните потомци.

20. Амрам се ожени со својата тетка Јохаведа, која му ги роди Арона и Мојсеја. Амрам живееше сто триесет и седум години.

21. Исарови синови беа: Кореј, Нафег и Зехриј.

Излез (2 Moj.) 6