Излез (2 Moj.) 40:9-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Потоа земи миро за помазание и помажи ги Шаторот и сè што е во него; посвети го и сиот негов прибор, и ќе станат свети.

10. Потоа намачкај го жртвеникот за жртви паленици, и жртвеникот ќе стане пресвет.

11. Помажи го мијалникот со неговата потпирка: посвети го!

12. Потоа доведи ги Арона и неговите синови при влезот на Шаторот на средбата и измиј ги со вода.

13. Тогаш облечи го Арона во посветената облека, помажи го и посвети го за да Ми служи како свештеник.

Излез (2 Moj.) 40