23. На него ги принесе лебовите пред Господа, како што Господ му нареди на Мојсеја.
24. Тогаш го смести светилникот во Шаторот на средбата спроти столот, на јужната страна на Шаторот.
25. И ги запали светилките пред Господа, како што Господ му нареди на Мојсеја.
26. Златниот жртвеник го смести во Шаторот на средбата, пред завесата.
27. Запали врз него благомиризлив темјан, како што Господ му нареди на Мојсеја.
28. Потоа ја закачи завесата на влезот во Шаторот.
29. При влезот во Шаторот на средбата, го намести жртвеникот за жртви паленици. Врз него принесе жртва паленица и лебен принос, како што Господ му нареди на Мојсеја.
30. Меѓу Шаторот на средбата и жртвеникот го смести мијалникот, па тури во него вода за миење.
31. Мојсеј, Арон и неговите синови ги мијеа своите раце и своите нозе од него.
32. А ги миеја кога влегуваа во Шаторот на средбата и кога пристапуваа кон жртвеникот, како што Господ му нареди на Мојсеја.
33. Најпосле Мојсеј направи двор околу Шаторот и жртвеникот и обеси завеси на дворната врата. Така Мојсеј ја сврши работата.