Излез (2 Moj.) 40:2-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. „Во првиот ден на првиот месец издигни го Шаторот на средбата.

3. Таму стави го Ковчегот на сведоштвото, потоа засолни го Ковчегот со завеса.

4. Потоа внеси го столот и нареди на него што му припаѓа; внеси го и светилникот и приготви му ги светилките.

5. А златниот жртвеник за кадење стави го пред Ковчегот на сведоштвото. Потоа обеси ја завесата над влезот во Шаторот.

6. Стави го жртвеникот за паленици пред влезот на Шаторот на средбата.

7. Меѓу Шаторот на средбата и жртвеникот смести го мијалникот и тури вода во него.

8. Наоколу направи двор и обеси завеса над дворниот влез.

9. Потоа земи миро за помазание и помажи ги Шаторот и сè што е во него; посвети го и сиот негов прибор, и ќе станат свети.

10. Потоа намачкај го жртвеникот за жртви паленици, и жртвеникот ќе стане пресвет.

11. Помажи го мијалникот со неговата потпирка: посвети го!

12. Потоа доведи ги Арона и неговите синови при влезот на Шаторот на средбата и измиј ги со вода.

13. Тогаш облечи го Арона во посветената облека, помажи го и посвети го за да Ми служи како свештеник.

14. Доведи ги и неговите синови, облечи ги во кошулите

Излез (2 Moj.) 40