Излез (2 Moj.) 40:15-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. и помажи ги, како што го помаза и нивниот татко, за да Ми служат како свештеници. Нивното помазание нека ги воведе во вечно свештенство, во сите нивни поколенија.”

16. Мојсеј направи вака. Како што му заповеда Господ, сè и така направи.

17. Во првиот ден на првиот месец на втората година, Шаторот беше подигнат.

18. Мојсеј го намести Шаторот вака: ги размести неговите подножја, тогаш ги исправи нагоре неговите даски, потоа ги постави лостовите и подигна столбови.

19. Потоа распростре покривало над Шаторот, а над него го стави покривот на Шаторот, како што Господ му нареди на Мојсеја.

Излез (2 Moj.) 40