Излез (2 Moj.) 40:11-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Помажи го мијалникот со неговата потпирка: посвети го!

12. Потоа доведи ги Арона и неговите синови при влезот на Шаторот на средбата и измиј ги со вода.

13. Тогаш облечи го Арона во посветената облека, помажи го и посвети го за да Ми служи како свештеник.

14. Доведи ги и неговите синови, облечи ги во кошулите

15. и помажи ги, како што го помаза и нивниот татко, за да Ми служат како свештеници. Нивното помазание нека ги воведе во вечно свештенство, во сите нивни поколенија.”

Излез (2 Moj.) 40