Излез (2 Moj.) 4:8-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. „Ако не ти поверуваат и не ја прифатат пораката на првиот знак, ќе и поверуваат на пораката на вториот знак.

9. А ако овие два знака не ги уверат, па не ти поверуваат, нацрпи вода од Реката и истури ја на суво. Водата што ќе ја земеш од Реката, на суво ќе се претвори во крв.”

10. „Прости, Господи! - продолжи Мојсеј на Господа. - Јас никогаш не сум бил красноречив човек; ни порано, ниту сега кога му зборуваш на Својот слуга. Јас сум бавен во зборувањето, а на јазикот тежок.”

11. „Кој му ја даде устата на човекот? - му рече Господ. - Кој го прави нем и глув; кој му го дава видот или го ослепува? Зар тоа не Сум Јас, Господ!

12. И така, оди! Јас ќе бидам со тебе кога ќе зборуваш, и ќе ти кажам што да зборуваш.”

Излез (2 Moj.) 4