Излез (2 Moj.) 39:39-43 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

39. жртвеник од бронза со бронзена решетка; неговите ластегарки и сиот негов прибор; мијалникот и неговата потпирка;

40. завесите за дворот; нивните столбови и нивните подножја; завесата за дворниот влез, неговите јажиња и нивните колчиња - сиот прибор за служба во Шаторот на средбата;

41. убаво изработени облеки за служба во Светилиштето - света облека за свештеникот Арон и облеки за свештеничката служба на неговите синови.

42. Токму како што Господ му нареди на Мојсеја, така Израелците ја свршија целата работа.

43. Мојсеј ги прегледа сите работи и утврди дека ги довршиле: како што Господ нареди, така и ги направија. И Мојсеј ги благослови.

Излез (2 Moj.) 39