Излез (2 Moj.) 38:12-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Завесите на западната страна беа од педесет лакти, со десет столбови и со десет нивни подножја. Куките на столбовите и нивните поврзувачи беа од сребро.

13. Однапред, на исток, завеси од педесет лакти.

14. Од едната страна на вратата завесите беа од петнаесет лакти, со три столпчиња и со три нивни подножја.

15. Така и од другата страна - значи, на двете страни на дворната врата - беа завеси од петнаесет лакти, со три столпчиња и со три нивни подножја.

16. Сите завеси околу дворот беа од препреден лен.

17. Подножјата за столбовите беа од бронза, а куките на столбовите и нивните поврзувачи од сребро. Врвовите на столбовите беа опковани со сребро. Сите столбови во дворот беа покриени со сребро.

18. Завесата на дворната врата - извезана - беше од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен. Беше долга дваесет лакти; висока, во ширина, пет лакти како и дворните завеси.

19. Имаше четири нивни столбови, со четири подножја од бронза. Куките на столбовите беа од сребро. Врвовите на столбовите беа опковани со сребро, а нивните поврзувачи беа сребрени.

20. Сите колчиња во внатрешноста на Шаторот и околу дворот беа од бронза.

21. Тоа е попис на работите за Шаторот на Сведоштвото, што е составен според Мојсеевата заповед, а со труд на Левитите под водство на Итамар, синот на свештеникот Арон.

22. Веселеил, Уриев син, од Оровото колено, од Јудиното племе, направи сè што Господ му заповеда на Мојсеја.

Излез (2 Moj.) 38