1. Направи жртвеник за жртви паленици од багремово дрво, долг пет лакти, широк пет лакти - четвртест - а висок три лакти.
2. Му направи четири рога на неговите четири агли. Роговите беа од еден дел со него. Потоа го опкова со бронза.
3. А го направи и целиот прибор за жртвеникот: длабоки грнци, лопатки, садови, вилушки и кадилници; целиот овој прибор го направи од бронза.
4. Потоа направи решетка за жртвеникот во облик на мрежичка од бронза под испакнатините, му зафаќаше до средина.
5. Излеа четири колца на четирите агли на бронзената решетка, за да служат како рачки за ластегарките.
6. Ги направи ластегарките од багремово дрво па ги опкова со бронза.
7. Тогаш ги провлече ластегарките низ колцата на двете страни на жртвеникот, за да се носи на нив. Го направи со празнина од даски.
8. А потоа направи бронзен мијалник и бронзена потпирка за него од огледалата на жените, кои прислужуваа пред вратата на Шаторот на средбата.
9. Потоа направи двор. На јужната страна на дворот беа завеси од препреден лен, долг сто лакти.
10. Нивните дваесет столбови со дваесет подножја беа од бронза, додека куките на столбовите и нивните поврзувачи беа од сребро.