Излез (2 Moj.) 37:19-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. На едната гранка беа три чаши во облик на бадемов цвет, секоја со својата чашка и цвет. Така беше на сите шест гранки што излегуваа од светилникот.

20. На самиот светилник имаше четири чаши во облик на бадемов цвет, секоја со чашка и цвет:

21. чашка, во еден дел со него, под првите две гранки; па конечно чашка, во еден дел со него, под двете задни гранки. Така на сите шест гранки што излегуваа од него.

22. Нивните чашки и нивните петелки беа во еден дел со него; сè тоа од чисто ковано злато.

23. А од чисто злато му направи и седум светилки, штипки и пепелници.

24. Светилникот и целиот негов прибор ги направи од еден талант чисто злато.

25. Кадилниот жртвеник го направи од багремово дрво, долг еден лакот, широк лакот - четвртест - а висок два лакта. Неговите рожиња беа во еден дел со него.

26. Ги опкова со чисто злато одозгора, страните наоколу и неговите рожиња. Му направи завршен венец наоколу од злато.

27. На него направи и две златни колца на спротивните страни, под завршниот венец, да им служат на ластегарките за рачки, кога се носи на нив.

28. Ги направи ластегарките од багремово дрво па ги опкова со злато.

29. Тогаш приготви посветено масло за помазание и за чисто мирисливо кадење, онака како што ги прави мироварецот.

Излез (2 Moj.) 37