18. Шест гранки излегуваа од неговите страни: три гранки на светилникот од едната страна, а три гранки на светилникот од другата страна.
19. На едната гранка беа три чаши во облик на бадемов цвет, секоја со својата чашка и цвет. Така беше на сите шест гранки што излегуваа од светилникот.
20. На самиот светилник имаше четири чаши во облик на бадемов цвет, секоја со чашка и цвет:
21. чашка, во еден дел со него, под првите две гранки; па конечно чашка, во еден дел со него, под двете задни гранки. Така на сите шест гранки што излегуваа од него.
22. Нивните чашки и нивните петелки беа во еден дел со него; сè тоа од чисто ковано злато.
23. А од чисто злато му направи и седум светилки, штипки и пепелници.
24. Светилникот и целиот негов прибор ги направи од еден талант чисто злато.
25. Кадилниот жртвеник го направи од багремово дрво, долг еден лакот, широк лакот - четвртест - а висок два лакта. Неговите рожиња беа во еден дел со него.
26. Ги опкова со чисто злато одозгора, страните наоколу и неговите рожиња. Му направи завршен венец наоколу од злато.