Излез (2 Moj.) 37:17-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Направи и светилник од чисто злато. Го искова светилникот - неговото подножје и стеблото. Неговите чаши - чашки и цветови - беа од еден дел со нив.

18. Шест гранки излегуваа од неговите страни: три гранки на светилникот од едната страна, а три гранки на светилникот од другата страна.

19. На едната гранка беа три чаши во облик на бадемов цвет, секоја со својата чашка и цвет. Така беше на сите шест гранки што излегуваа од светилникот.

20. На самиот светилник имаше четири чаши во облик на бадемов цвет, секоја со чашка и цвет:

21. чашка, во еден дел со него, под првите две гранки; па конечно чашка, во еден дел со него, под двете задни гранки. Така на сите шест гранки што излегуваа од него.

22. Нивните чашки и нивните петелки беа во еден дел со него; сè тоа од чисто ковано злато.

23. А од чисто злато му направи и седум светилки, штипки и пепелници.

24. Светилникот и целиот негов прибор ги направи од еден талант чисто злато.

25. Кадилниот жртвеник го направи од багремово дрво, долг еден лакот, широк лакот - четвртест - а висок два лакта. Неговите рожиња беа во еден дел со него.

26. Ги опкова со чисто злато одозгора, страните наоколу и неговите рожиња. Му направи завршен венец наоколу од злато.

27. На него направи и две златни колца на спротивните страни, под завршниот венец, да им служат на ластегарките за рачки, кога се носи на нив.

Излез (2 Moj.) 37