14. Колцата беа непосредно под работ, како рачки за ластегарките, за да може столот да се носи.
15. Ластегарките за носење на столот ги направи од багремово дрво и ги опкова со злато.
16. А приборот што беше држан на столот - неговите чинии, кадилници, врчви и чаши за излевање на приносот - ги направи од чисто злато.
17. Направи и светилник од чисто злато. Го искова светилникот - неговото подножје и стеблото. Неговите чаши - чашки и цветови - беа од еден дел со нив.