Излез (2 Moj.) 37:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Веселеил направи Ковчег од багремово дрво, долг два ипол лакти, широк лакот ипол, а висок лакот ипол.

2. Одвнатре и однадвор го опкова со чисто злато. Наоколу му направи златен завршен појас.

3. И му одлеа четири колца на неговите четири агли: две колца од едната страна, а две колца на неговата друга страна.

Излез (2 Moj.) 37