24. направија четириесет подножја од сребро под дваесет даски - две подножја под првата даска за нејзините два клина, и две подножја под секоја следна даска за нејзините два клина.
25. За втората, северната страна на Шаторот направија дваесет даски
26. и за нив четириесет подножја од сребро - две подножја под првата даска, а по две подножја под секоја идна даска.
27. Одназад на Шаторот, кон запад, направија шест даски.
28. Направија и две даски за аглите на Шаторот одназад.
29. Тие беа составени при дното, но при врвот се составуваа со едно колце. Така двете ги поставија за двата агла.