Излез (2 Moj.) 36:1-2 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Затоа Веселеил, Елијав и сите вештаци, кои Господ ги надари со вештина и способност да ги извршат искусно сите работи потребни за Светилиштето, нека ги направат како што Господ заповеда.”

2. Тогаш Мојсеј ги повика Веселеил, Елијав и сите оние што Господ ги надари со вештина; сите кои ги поттикнуваше срцето да се зафатат со работата и да ја извршат.

Излез (2 Moj.) 36