Излез (2 Moj.) 34:6-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Господ помина пред него па се јави: „Јахве! Господ! Бог дарежлив и милостив, долготрпелив на гнев, многумилостив и вистински,

7. искажува милост на илјадници, проштава опакост, грев и престап, но не остава неказнет виновник, туку ја казнува опакоста на татковците врз децата - и на внучињата до третото и четвртото поколение.”

8. Мојсеј веднаш падна на земја и се поклони.

Излез (2 Moj.) 34