Излез (2 Moj.) 34:19-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Секое првороденче на мајчиното крило Ми припаѓа Мене: секое машко, секое првородено на твојот ситен и крупен добиток.

20. Првороденото на ослицата откупи го со едно грло од ситниот добиток. Ако не го откупиш, треба да му го свиткаш вратот. А сите првороденци на своите синови откупувај ги. Никој да не стапува пред Мене со празни раце.”

21. „Шест дена работи, а на седмиот откажи се од работите, сеедно ако е и во доба на орање или во време на жетва.

22. Празнувај го празникот Седмици - на првите плодови на пченичната жетва - и празникот Берба на крајот на годината.

23. Трипати годишно сите машки нека се појават пред Господа Јахве, Израелевиот Бог.

Излез (2 Moj.) 34