Излез (2 Moj.) 33:13-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Затоа, ако ја уживам Твојата благонаклонетост, покажи ми ги Своите патишта, за да Те сфатам и за да ја уживам и натаму Твојата благонаклоност. Исто така, помисли дека овие луѓе се Твој народ.”

14. „Јас лично ќе тргнам со тебе - одговори Господ - и ќе ти обезбедам одмор.”

15. „Ако не тргнеш Ти - додаде Мојсеј - и не изведувај нè оттука.

16. Па како ќе се знае дека ја уживаме Твојата наклоност, јас и Твојот народ? По тоа што идеш со нас. Само со тоа ќе се разликуваме јас и Твојот народ меѓу сите народи што се на лицето на земјата.”

17. „И ова што го побара, ќе направам - му одговори Господ на Мојсеја. - Па ти ја уживаш Мојата благонаклоност, зашто те познавам по име.”

18. „Покажи ми ја Својата слава,” замоли Мојсеј.

19. „Ќе дозволам пред тебе да помине сиот Мој болскот - одговори - и пред тебе ќе го изустам Своето име Господ. Ќе бидам милостив кому што сакам да бидам милостив; ќе му се смилувам кому што сакам да му се смилувам.

20. А ти - додаде - не можеш да го видиш Моето лице, зашто човек не може да Ме види Мене и да остане жив.

21. Еве место тука покрај Мене - продолжи Господ. Застани на карпата!

22. Додека поминува Мојата слава, ќе те ставам во пукнатината на карпата и ќе те заштитам со Својата рака додека не поминам.

Излез (2 Moj.) 33