Излез (2 Moj.) 31:10-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. облеки за службата, посветените облеки за свештеникот Арон и облеките за неговите синови, за нивната свештеничка служба;

11. па миро за помазание и благомирислив темјан за Светилиштето. Нека направат сè како што ти наредив.”

12. Пак Господ му рече на Мојсеја:

13. „Речи им на Израелците: ‘Моите саботи треба да ги пазите, зашто саботата е знак меѓу Мене и вас од поколение до поколение, за да бидете свесни дека Јас, Господ, ве посветувам.

14. И така, држете ја саботата, зашто е таа света за вас. Кој ќе ја онечисти, нека биде погубен; кој ќе работи во неа каква и да е работа, нека биде отстранет од својот народ.

Излез (2 Moj.) 31