Излез (2 Moj.) 30:28-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. жртвеникот за жртви паленици и сиот негов прибор; мијалникот и неговата потпирка:

29. посвети ги, и тие така ќе станат посветени, и што и да се допре до нив, ќе стане посветено.

30. Помажи ги Арона и неговите синови и посвети Ми ги Мене за свештеници.

31. Тогаш речи им на Израелците вака: ‘Ова е Мое свето миро за помазание од поколение до поколение.

32. Не смее да се излева врз телото на обичниот човек; не смеете да правите друго со ваков состав! Тоа е посветено, и нека ви биде свето!

33. Кој направи такво, или кој ќе стави од него врз туѓинец, нека биде отстранет од својот народ!’”

Излез (2 Moj.) 30