Излез (2 Moj.) 30:17-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Господ му рече на Мојсеја:

18. „Направи мијалник од бронза и подножје од бронза за миење. Постави го меѓу Шаторот на средбата и жртвеникот. Тури вода во него,

19. па Арон и неговите синови нека ги мијат своите раце и нозе со водата од него.

20. Кога треба да влегуваат во Шаторот на средбата, или кога треба да се приближуваат до жртвеникот за служба, за да изгоруваат жртви паленици во чест на Господа, нека се измијат со вода, за да не загинат.

Излез (2 Moj.) 30