Излез (2 Moj.) 29:7-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Потоа земи масло за помазание; излеј го врз неговата глава и помажи го.

8. Тогаш доведи ги неговите синови; облечи ги во кошулите,

9. препаши ги со појасите Арона и неговите синови и завиткај им ги капите. Свештенството нека им припаѓа според вечна одредба. Така посвети ги Арона и неговите синови!”

10. „Потоа доведи јунец пред Шаторот на средбата, па Арон и неговите синови нека положат раце врз главата на јунецот.

11. Тогаш пред Господа, на влезот во Шаторот на средбата, заколи го јунецот.

12. Земи ја крвта на јунецот и со твојот прст намачкај ги роговите на жртвеникот. Остатокот од крвта истури ја во подножјето на жртвеникот.

13. Земи го сето мрсно околу дробот, мрежичката на црниот дроб и двата бубрега со мрсното околу нив, па изгори ги на жртвеникот.

14. Месото од јунецот, неговата кожа и неговата нечистотија изгори ги во оган надвор од логорот. Тоа е жртва покајница за грев.”

15. „Потоа земи еден овен, па Арон и неговите синови нека ги положат своите раце врз неговата глава.

16. И заколи го овенот, собери му ја крвта и попрскај го со неа жртвеникот од сите страни.

17. Потоа насечи го овенот на делови, измиј му ја внатрешноста и нозете и положи ги врз неговите други делови и врз главата.

18. И тогаш изгори го целиот овен на жртвеникот. Тоа е жртва паленица во чест на Господа, пријатен мирис, огнена жртва.”

Излез (2 Moj.) 29