Излез (2 Moj.) 29:40-42 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

40. Принеси со првото јагне десетина од ефа бело брашно замесено со четвртина ин првоточно истолчено масло, и жртва изливница од четвртина ин вино.

41. Другото јагне принеси го во примрак. Со него принеси жртва приносница со неговата жртва излевница како и наутро - за пријатен мирис, жртва палена во чест на Господа.

42. Тоа нека биде трајна жртва паленица од поколение до поколение - при влезот во Шаторот на средбата, пред Господа. Таму Јас ќе се среќавам со тебе за да ти зборувам.

Излез (2 Moj.) 29