Излез (2 Moj.) 29:13-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Земи го сето мрсно околу дробот, мрежичката на црниот дроб и двата бубрега со мрсното околу нив, па изгори ги на жртвеникот.

14. Месото од јунецот, неговата кожа и неговата нечистотија изгори ги во оган надвор од логорот. Тоа е жртва покајница за грев.”

15. „Потоа земи еден овен, па Арон и неговите синови нека ги положат своите раце врз неговата глава.

16. И заколи го овенот, собери му ја крвта и попрскај го со неа жртвеникот од сите страни.

17. Потоа насечи го овенот на делови, измиј му ја внатрешноста и нозете и положи ги врз неговите други делови и врз главата.

18. И тогаш изгори го целиот овен на жртвеникот. Тоа е жртва паленица во чест на Господа, пријатен мирис, огнена жртва.”

Излез (2 Moj.) 29