1. „Ова е обредот што ќе го извршиш врз нив, за да ги посветиш за Мои свештеници: земи еден јунец и два овна без недостатоци;
2. потоа пресен леб, пресни колачиња замесени во масло и бесквасни кори намачкани со масло. Направи ги од чисто пченично брашно.
3. Нареди ги во кошница и принеси ги во кошницата со јунецот и двата овна.”
4. Доведи ги Арона и неговите синови до влезот во Шаторот на средбата и измиј ги во вода.
5. Потоа земи ја облеката и облечи го Арона во кошула; стави ги врз неа наметката на наплеќникот, наплеќникот и врзградникот и препаши го преку ефодот.
6. Сложи му ја капата на главата; на капата сложи го светиот венец.
7. Потоа земи масло за помазание; излеј го врз неговата глава и помажи го.