Излез (2 Moj.) 28:17-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. На него нареди четири редови бесценети камења. Во првиот ред нека бидат: сард, топаз и смарагд;

18. во вториот ред: антракс, сафир и адамант;

19. во третиот ред: лигириј, агат и аметист;

20. а во четвртиот ред: хрисолит, оникс и јаспис. Нека бидат вковани во златни рамки.

21. Нека бидат дванаесет тие бесценети камења колку и имињата на Израелевите синови. Нека бидат врежани како и печатите врз прстењата, секој со името на едно од дванаесетте племиња.

Излез (2 Moj.) 28