Излез (2 Moj.) 28:15-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. „Изработи го уметнички врзградникот за судење: направи го тоа како и работата на наплеќникот: од злато, од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен.

16. Нека биде четвртест и двоен: должината нека му е една педа, а и широчината педа.

17. На него нареди четири редови бесценети камења. Во првиот ред нека бидат: сард, топаз и смарагд;

18. во вториот ред: антракс, сафир и адамант;

19. во третиот ред: лигириј, агат и аметист;

20. а во четвртиот ред: хрисолит, оникс и јаспис. Нека бидат вковани во златни рамки.

Излез (2 Moj.) 28