3. Натаму, направи за жртвеникот садови за собирање на отпадоците: лопатки, грнчиња, вилушки и кадилници. Сите прибори за жртвеникот направи ги од бронза.
4. Потоа направи за него решетка од бронза, во облик на мрежичка, а на четирите агли на мрежичката направи четири колца од бронза.
5. И стави ја под издаденоста на жртвеникот, така да зафаќа до средината на жртвеникот.
6. Потоа направи ластегарка за жртвеникот, ластегарки од багремово дрво, па ги опкови со бронза.
7. Нека ластегарките бидат провлечени низ колцата, така што ќе дојдат на двете страни на жртвеникот, кога ќе се носи.