Излез (2 Moj.) 27:13-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Широчината на дворот кон источната страна нека биде педесет лакти.

14. Натаму, завесите од едната страна на вратата нека се долги петнаесет лакти, со своите три столба и со нивните три подножја.

15. А на другата страна завесите нека се пак петнаесет лакти, со своите три столба и со нивните три подножја.

16. За влезот во дворот: везана завеса од дваесет лакти, од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен; и со своите четири столба и нивните четири подножја.

17. Сите столбови околу дворот нека се поврзани со сребро. Куките нека им се од сребро, а подножјата од бронза.

18. Дворот нека е во должина сто лакти, а во широчина педесет, а во височина пет лакти. Завесите нека му се од препреден лен, а подножјето од бронза.

19. Сите прибори во Шаторот за општа употреба, и сите негови колчиња, а така и колчињата во дворот, нека се од бронза.”

20. „Натаму, нареди им на Израелците да ти донесуваат за осветление чисто масло од истолчени маслинки, за да гори светилото постојано.

21. Арон и неговите синови нека го поставуваат во Шаторот на средбата надвор од завесата што го засолнува Сведоштвото, за да гори пред Господа од вечер до утро. Нека е тоа неотповиклива наредба за израелските поколенија.”

Излез (2 Moj.) 27