17. Секоја даска нека има два клина, за да ја држат исправена. Така направи на секоја даска за Шаторот.
18. Даските за Шаторот постави ги: дваесет даски на југ, кон пладне;
19. тогаш под дваесетте даски направи четириесет подножја од сребро, две подножја под првата даска за нејзините два клина, и така редум, две подножја за два клина на секоја идна даска.
20. За другата страна на Шаторот, на север: дваесет даски
21. и четириесет сребрени подножја, две подножја за два клина на првата даска, и така редум, две подножја за секоја даска.
22. На задната страна на Шаторот на запад, постави шест даски.
23. Направи и даски за задните агли на Шаторот.
24. Нека бидат разделени при дното, ама на врвот кај првото колце нека бидат составени. Нека така двете прават два агли.
25. И така нека бидат осум даски со нивните сребрени подножја: шеснаесет подножја, две подножја под првата даска, а пак две подножја под секоја следна даска.
26. Натаму направи лостови од багремово дрво: пет од нив за даските од едната страна на Шаторот,
27. а пет лостови од другата страна на Шаторот; тогаш пет лостови за даските на Шаторот од одназад, кон запад.
28. Средниот лост нека врви по средината на даските од едниот крај до другиот.
29. Даските да ги опковеш во злато, а и колцата за нив, низ кои ќе се провлечуваат лостовите, направи ги од злато.