Излез (2 Moj.) 26:14-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Најпосле направи му на Шаторот покрив од приготвени и со црвено обоени овновски кожи, а врз него покрив од убави кожи.

15. Даските за Шаторот, што ќе стојат исправени нагоре, направи ги од багремово дрво.

16. Секоја даска нека биде долга десет лакти, а широка лакот ипол.

17. Секоја даска нека има два клина, за да ја држат исправена. Така направи на секоја даска за Шаторот.

18. Даските за Шаторот постави ги: дваесет даски на југ, кон пладне;

19. тогаш под дваесетте даски направи четириесет подножја од сребро, две подножја под првата даска за нејзините два клина, и така редум, две подножја за два клина на секоја идна даска.

20. За другата страна на Шаторот, на север: дваесет даски

21. и четириесет сребрени подножја, две подножја за два клина на првата даска, и така редум, две подножја за секоја даска.

22. На задната страна на Шаторот на запад, постави шест даски.

23. Направи и даски за задните агли на Шаторот.

24. Нека бидат разделени при дното, ама на врвот кај првото колце нека бидат составени. Нека така двете прават два агли.

25. И така нека бидат осум даски со нивните сребрени подножја: шеснаесет подножја, две подножја под првата даска, а пак две подножја под секоја следна даска.

26. Натаму направи лостови од багремово дрво: пет од нив за даските од едната страна на Шаторот,

27. а пет лостови од другата страна на Шаторот; тогаш пет лостови за даските на Шаторот од одназад, кон запад.

Излез (2 Moj.) 26