Излез (2 Moj.) 26:12-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. А бидејќи од завесите на Шаторот ќе остане вишок, половина од завесите што се вишок нека се спушта на задниот дел на Шаторот.

13. Од она што е отповеќе во должината на шаторските завеси, нека виси по еден лакот од двете страни на светиот Шатор, за да го покрива.

14. Најпосле направи му на Шаторот покрив од приготвени и со црвено обоени овновски кожи, а врз него покрив од убави кожи.

15. Даските за Шаторот, што ќе стојат исправени нагоре, направи ги од багремово дрво.

16. Секоја даска нека биде долга десет лакти, а широка лакот ипол.

17. Секоја даска нека има два клина, за да ја држат исправена. Така направи на секоја даска за Шаторот.

Излез (2 Moj.) 26