Излез (2 Moj.) 26:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Шаторот направи го од десет завеси: од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од препреден лен. На нив нека бидат извезени ликови на херувими - дело на уметник.

2. Должината на секоја завеса нека е дваесет и осум лакти, широчината нека и е четири лакти. Сите завеси нека се со иста мерка.

3. Пет завеси нека се составени една со друга, а другите пет завеси пак една со друга.

4. Направи петелки од љубичеста волна при работ на крајната завеса во составеното парче.

5. Направи педесет петелки на работ на другата.

6. Тогаш направи педесет златни куки. Потоа завесите да бидат составени една со друга со куките. Така Шаторот ќе биде една целина.

7. Направи потоа завеси од козина за Шатор, за Покрив на Шаторот. Направи ги единаесет.

8. Нека должината на секоја завеса биде триесет лакти, а широчината на секоја завеса четири лакти. Тие единаесет завеси нека бидат со иста мерка.

9. Состави пет завеси одделно, а тогаш пак другите шест завеси одделно. Шестата завеса свиткај ја во две на предниот дел на Шаторот.

10. Сошиј педесет петелки на работ на едното составено парче на завесата, а педесет куки на работ на другото.

11. Изработи педесет куки од бронза, закачи ги куките во петелките, за да го составиш Покривот во целина.

12. А бидејќи од завесите на Шаторот ќе остане вишок, половина од завесите што се вишок нека се спушта на задниот дел на Шаторот.

13. Од она што е отповеќе во должината на шаторските завеси, нека виси по еден лакот од двете страни на светиот Шатор, за да го покрива.

Излез (2 Moj.) 26