Излез (2 Moj.) 24:10-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Тие го видоа Израелевиот Бог: подножјето на Неговите нозе како да беше од бесценетиот камен сафир, со болскот сличен на самото небо.

11. Ни Своите раце не ги протегна врз Израелевите избраници: слободно Го набљудуваа Бога и јадеа и пиеја.

12. Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Искачи се кај Мене на ридот и почекај Ме таму. Ќе ти дадам камени плочи со законот и со заповедите, што ги напишав за нивна поука.”

13. Мојсеј и неговиот помошник Исус станаа, и Мојсеј се искачи на Божјата Гора.

14. А на старешините им рече: „Чекајте нè тука додека не се вратиме. Ете се со вас Арон и Ор. Кој има некаков спор, нека им се обрати ним.”

Излез (2 Moj.) 24