Излез (2 Moj.) 24:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа му рече на Мојсеја: „Искачете се кон Господа - ти, Арон, Надав и Авиуд и седумдесет израелски старешини. Поклонете се оддалеку!

2. Само Мојсеј нека Му се доближи на Господа! Тие нека не се доближуваат, а народот нека не се искачува со нив.”

3. Мојсеј дојде и му ги кажа на народот сите Господови зборови и сите одредби. А сиот народ одговори едногласно: „Ќе ги вршиме, сите зборови што ги рече Господ.”

4. Тогаш Мојсеј ги запиша сите Господови зборови. А наутро порани и подигна жртвеник во подножјето на ридот и дванаесет столбови за дванаесетте Израелеви племиња.

5. Потоа им наложи на младите Израелци да принесат жртви паленици и да му жртвуваат на Господа јунчиња како жртви помирници.

Излез (2 Moj.) 24