Излез (2 Moj.) 23:27-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Пред тебе ќе го испратам Својот страв; во безредие ќе го фрлам сиот свет, среде кој ќе дојдеш, и ќе направам сите твои непријатели да бегаат пред тебе.

28. Ќе испраќам стршели пред тебе, за да ги истераат пред тебе Евејците, Хананците и Хетејците.

29. Не ќе ги истерам пред тебе за една година, за да не опусти земјата и за да не се намножат дивите животни на твоја штета.

Излез (2 Moj.) 23