24. Немој да им се клањаш на нивните идоли ниту им искажувај почитување; не постапувај како што прават тие, туку сруши им ги нивните идоли и искрши им ги столбовите.
25. Искажувајте Му почитување на Господа, својот Бог, па ќе ги благословувам твојот леб и твојата вода и ќе ја отстранам болеста од тебе.
26. Во твојата земја ќе нема пометнувачка; Јас ќе го направам полн бројот на твоите денови.
27. Пред тебе ќе го испратам Својот страв; во безредие ќе го фрлам сиот свет, среде кој ќе дојдеш, и ќе направам сите твои непријатели да бегаат пред тебе.
28. Ќе испраќам стршели пред тебе, за да ги истераат пред тебе Евејците, Хананците и Хетејците.
29. Не ќе ги истерам пред тебе за една година, за да не опусти земјата и за да не се намножат дивите животни на твоја штета.
30. Ќе ги терам пред тебе малку по малку додека ти порасте потомството, така што ќе ја заземеш земјата.