20. Ако некој го удри со стап својот роб или својата робинка па умре под неговата рака, треба да ја поднесе одмаздата.
21. Но ако робот преживее ден-два, нека не се спроведува одмаздата, зашто робот е негова сопственост.
22. Ако се степаат луѓе и удрат трудна жена, па таа пометне, но нема друга штета, тогаш оној кој ја удрил нека ја плати оштетата што ќе ја побара нејзиниот маж. Тој нека плати како што ќе одредат судиите.
23. Има ли друго зло, казната нека биде: живот за живот,
24. око за око, заб за заб, рака за рака, нога за нога,
25. изгореница за изгореница, рана за рана, синило за синило.
26. Ако некој ги удри својот роб или својата робинка во око и го упропасти, нека го ослободат заради окото.
27. Ако му избие заб на својот роб - или на својата робинка - нека го ослободи заради забот.
28. Кога вол боцне маж или жена па ги усмрти, нека се каменува со камења. Тогаш неговото месо не смее да се изеде, а на неговиот сопственик нека му биде простено.
29. Ама ако тоа добиче боцкаше и пред тоа, а неговиот сопственик, иако опоменуван, не го чувал, па тоа усмрти маж или жена, тоа добиче нека биде каменувано; а и неговиот сопственик има да биде погубен.
30. Ако на сопственикот му биде одредена откупна цена, за да го откупи својот живот, нека плати колку ќе му се одреди.
31. Ако волот убоде дете или девојче нека се постапи со него исто според ова правило.
32. Ако боцне роб или робинка, нека сопственикот им исплати на нивниот господар триесет сребрени сикли, а добичето нека биде каменувано.
33. Ако некој остави отворена јама, или некој ископа кладенец и не го покрие, па во него падне добиче или осле, сопственикот на кладенецот ќе даде надомест: