Излез (2 Moj.) 21:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Ова се прописите што треба да им ги изложиш:

2. Ако купиш еден Евреин за роб, нека служи шест години. На седмата година нека замине, без откупнина, слободен.

3. Ако дојде сам, сам и нека си замине; ако е женет, со него нека отиде и неговата жена.

4. Ако господарот му набавил жена, па таа му роди било синови било ќерки, и жената и нејзините деца нека му припаднат на нејзиниот господар, а тој нека си отиде сам.

Излез (2 Moj.) 21