Излез (2 Moj.) 20:6-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. а покажувам милости на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди.

7. Не ќе го изговараш напразно името на Господа, твојот Бог, зашто Господ не ќе го остави неказнет оној кој го зема напразно Неговото име.

8. Помни го саботниот ден, за да го осветуваш.

9. Шест дена ќе работиш и ќе ги вршиш сите свои работи.

10. А седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог. Тогаш никаква работа не ќе работиш: ни ти, ниту твојот син, ниту твојата ќерка, ни твојот слуга, ниту твојата слугинка, ниту твојот добиток, ниту странецот што е внатре во твоите порти.

11. Зашто во шест денови Господ ги направи небото и земјата, морето и сè што е во нив, а на седмиот ден се одмори. Затоа Господ го благослови и го освети саботниот ден.

12. Почитувај ги твојот татко и твојата мајка, за да ти се продолжат дните на земјата, која ти ја дава Господ, твојот Бог.

13. Не ќе убиваш!

14. Не ќе прељубодејствуваш!

Излез (2 Moj.) 20