Излез (2 Moj.) 20:13-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Не ќе убиваш!

14. Не ќе прељубодејствуваш!

15. Не ќе крадеш!

16. Не ќе сведочиш лажно против твојот ближен!

17. Не ќе го посакуваш домот на твојот ближен! Не ќе ги посакуваш: жената на твојот ближен, ни неговиот слуга, ниту неговата слугинка, ни неговиот вол, ниту неговото осле, ни што и да е што му припаѓа на твојот ближен!”

18. Целиот народ беше сведок на грмењето и светкањето, сите го чуја звукот на трубата и видоа како се дими гората: гледаа и трепереа и стоеја подалеку.

19. Тогаш му рекоа на Мојсеја: „Зборувај ни ти, а ние ќе слушаме. Нека не ни зборува Господ, за да не изумреме!”

20. „Не бојте се - му рече Мојсеј на народот. Зашто Бог дојде да ве испита; за да остане со вас стравот пред Него, па да не згрешите.”

21. Народот остана подалеку, а Мојсеј му пристапи на густиот облак, каде се наоѓаше Бог.

22. „Речи им вака на Израелците - му проговори Господ на Мојсеја. ‘Сами видовте дека зборував со вас од небото.

23. Не правете покрај Мене идол од сребро, ниту правете си идол од злато.

Излез (2 Moj.) 20